-----------------------------------------------------------
Една ѕвезда трепка,
една ѕвезда е тажна,
на небото горе,
над една плажа...
Песокот одоздола ја гледа,
со водата зборува,
и со одблесокот воден
накај неа покажува...
Водата сите тајни ги знае,
на песокот му објаснува
дека ѕвездата е многу високо,
сама е, една, и затоа тагува...
Дека иако со блескот,
со сјај, со гордост важен,
па макар колку и да е горе,
тој кој е сам, секогаш е тажен...
------------------------------------------------------
Што е Смртта во мојот сон ?
Само вечен бол !
А што си ТИ во мојата мечта ?
Само бескрајна болка !
И кога бескрајната болка
ќе се измеша со тагата моја,
и кога во мојата мечта
нема да постои друго освен Смртта,
ти во моите очи си кога умирам,
вечно така ќе те задржам,
и во пресмртен миг е се‘ во најдлабока боја,
------------------------------------------------------------------
Вино! дај ми ги сега твоите усни
и нека твојата крв потече по мене
и низ моите вени, патеки тајни, густи
уште од создавањето на мене,
раѓањето низ чуден пат и време...!
Бакни ме! Бакнувај ме! Сакај ме! Не оставај ме
сега, во оваа темна ноќ и време
во време кога ветерот низ дожд вее
а надвор е ладно, топлина во мене;
твојот екстракт низ мене нека потече...!
Занеси ме, црно вино, црн брилијанту,
во стаклена чаша темен кристалу,
навлези се‘ и се‘ и се‘ подлабоко во мене,
обој ми ја крвта црно, и речи ми : ,, Будало!
се‘ е сеедно сега, нека се умре и нека се гине
ако се сака, нека се урне целосно ова Време..... ‘‘
|