- Не сакам -
Не сакам денес да биде утре,
ниту пак вчера,
туку ДЕНЕС СЕКОГАШ ДА Е ДЕНЕС
под вечната затскрила !
Не сакам да живеам за утре,
ниту да мислам што кога ќе остарам;
не сакам да те чекам утре
да ми ми кажеш : ,, Те сакам ! ‘‘
Не сакам да бидам стар
за да мислам што бил вчера,
туку да живеам СЕГА,
со тебе, под вечната затскрила !
Не сакам да те чекам вечно
да ми кажеш дека ме сакаш;
ако ме сакаш - сакај ме сега,
утре моќе ќе ме немаш !
Мразам бавни луѓе
и оние кои бавно чекорат,
те мразам некогаш и тебе :
о колку многу ти размислуваш !
Додека ти се решиш :
староста ќе не фати;
о кукло и нерешителко млада
ти мене животот ми го скрати !
Но сепак не... бавни се секогаш тие
кои бавно размислуваат,
а дека нашите патишта ќе се споат
тие секогаш ќе се разотидуваат !
Кажи ми денес, не утре :
,, Те сакам, се‘ ќе ти дадам тебе ! ‘‘
така и јас тебе ќе те ценам, и ќе ти дадам
и ЈАС се‘ тебе ! - А ако не, животот е долг,
кој знае што ќе ни‘ спреми
и на нас, пак ново ќе ни‘ припреми :
животот е план од примери !
А без тебе, продолжувам со себе !!!
|