- Човекот како Ангел со едно крило -
Човекот е создаден
малку подолу од Ангелите,
затоа тој се стреми
далеку кон височините !
Дури од создавањето тоа
е ставено во неговиот дух,
да се стреми повисоко, повисоко,
до космосот, над се‘ од воздух !
Човекот е и Ангел,
но со едно крило,
така тоа останало
и отсекогаш тоа било !
А кога ке‘ ја пронајде
љубовта на својот живот,
тогаш со неа заедно
ќе‘ се вивнат во воздухот !
Со едно крило
- никој не може,
но заедно, прегрнати,
со две крила, -
,, Може !!! “ - вели и Боже !
|