---------------------------------------------------------------
Не сакам да пишувам денеска, тажен сум;
моето срце чука на друга страна...
Во моите понори се отвара друга страна,
денес денот е досаден, предолг и глуп...
Кој сум јас да судам...? Кој сум јас
да кажам дека е нештото неубаво, грубо;
кој сум јас сепак да го судам денот,
кога за друг е убав и вреден...? Ништо не сум јас...
Дали јас имам некакво право, да кажам
дека некоја личност е грда, глупа;
мене ќе ме убие еднаш, ама сурово гордоста,
-секој е од бога, тоа го знам, и пак зборам...
А сепак пак мразам! и сакам
сега тебе да те видам, моја А........,
твоето име е гордост, и никогаш моја рана...
Твоето тело е змија, која јас ја сонувам
која бескрајно во цел сон цела ноќ околу мене се обвива...
Ти си мојата душа, и јас сакам денес да те љубам.....
|